Испитувања

За контрола на квалитетот на влезните материјали и готовите производи ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ a.d. Кumanovo располага со опрема, стручен и оспособен персонал и е во можност да ги спроведе сите испитувања предвидени со соодветните стандарди за изработка и техничките услови за испорака на готови производи.

Испитувања со разорување:

  • Хемиска анализа
  • Тест на затегање на основен материјал и завар
  • Тест на затегање на прстен
  • Тест на ударна жилавост
  • Тест на сплескување
  • Тест на проширување
  • Тест на свиткување на завар
  • Макрографско и металографско испитување
  • Тест на тврдина

Без-разорни испитувања:

  • Хидростатски тест
  • Димензионална контрола
  • Визуелна контрола
  • ултра-звучни испитувања
  • испитување со вртложни струи
  • радиографски испитувања
  • испитување со пенетранти

Покрај наведениве испитувања, кои ги вршиме на лимови, котури, цевки и профили,  спроведеме и низа испитувања на облогите, кои зависно од типот и видот на облогите воглавном се:

  • Одредување на дебелината на облогата
  • Тест на беспорозност – континуитет
  • Отпорност на лупење – адхезија
  • Отпорност на удари
  • Тест на истегање на полиетиленска облога
  • Отпорност на втиснување
  • Специфичен отпор на облогата
  • Стареење под дејство на топлина
  • Стареење под дејство на светлина
  • Дополнителни испитувања специфични за соодветен тип на облога

Документи за квалитет:

  • Записи од почетно тестирање на тип
  • Декларација за усогласеност “тип 2.1“ – EN 10204
  • Тест извештај “тип 2.2“ – EN 10204
  • Инспекциски цертификат “тип 3.1“ – EN 10204
  • Инспекциски цертификат “тип 3.2“ – EN 10204
  • EC-Декларација за сообразност при CE-маркирање
Translate »