До сега најмногу проекти имаме за машини од областа на црна металургија.
Наши поголеми проекти се:
- Линија за заварени челични цевки и профили D2. За цевки до Ø101,6 и дебелина на материјал до 5mm и профили до 80x80x5mm. Инсталирана во 3 примерка во ИГМ Кавадарци
- Линија за заварени челични цевки и профили D3. За цевки до Ø168x8mm и профили до 50x150x8mm. Инсталирана во 3 примерка во ИГМ Кавадарци
- Линија за заварени челични цевки и профили D4. За цевки до Ø323,9x12mm и профили до 250x250x12mm.
Инсталирана во ИГМ Кавадраци
- Линија за заварени челични цевки D5. За цевки до Ø660,4x20mm (во изработка)
- Линија заварени челични цевки и профили Ø219,1×10 (160x160x10). Во тек е изработка и монтажа во Алпос Цеље Словенија
- Реконструкција на главен сталак во ладна валавница во Арцелор Миттал Скопје
- Равналица за цевки до Ø219 – ИГМ Кавадарци
- Хидротестер за цевки до Ø219 – ИГМ Кавадарци